Thursday, September 29, 2016

Гепард

Гепардот е претставник на големите мачки која го населува поголемиот дел од Африка. и делови од Блискиот исток. Тој е единствениот преживеан член на родот Axinonyx. Гепардот може да трча побрзо од било кое друго копнено животно – достигнува брзина од 112 до 120 км/ч во мали замави до 500 метри, и има способност да достигне брзина од 0 до преку 100 км/ч во пет секунди.

 Градите на гепардот се длабоки и неговата половина е тесна. Грубото, кратко крзно на гепардот е жолтеникаво-кафеаво со темни точки кои имаат дијаметар од 2 до 3 цм, кои му нудат камуфлажа додека лови. Нема точки на неговиот бел стомак, но опашката има точки кои се спојуваат и на крајот од опашката има 4 до 6 темни кругови. Опашката обично завршува со бушаво бело топче. Очите на гепардот се поставени високо на неговата мала глава. Црните линии од аглите на неговите очи до неговата уста ги спречуваат сончевите зраци да навлезат во неговите очи и му помагаат во ловот и видот на големи далечини. Неговото тенко и кревко тело го прави совршен за кратки замави со голема брзина, но не и за трчање на голема далечина.

 Возрасниот гепард тежи од 21 до 72 кг. Неговата целовкупна должина (глава и тело) варира од 110 до 150 цм, додека опашката може да биде од 60 до 84 цм во должина. Гепардите се од 66 до 94 цм високи кај рамената. Машките имаат тенденција да бидат малку поголеми од женските и нивните глави се поголеми, но не постои голема варијација во големината на гепардите и тешко е да се определи полот само од изгледот. Во споредба со слично градениот леопард, гепардот има помала должина на телото, но опашката му е подолга и е повисок и изгледа дека има поаеродинамична форма.

 Некои гепарди имаат ретка мутација на крзното од поголеми, споени точки. Познати како “кралски гепарди”, некогаш се мислело дека се посебен подвид, но всушност се Африкански гепарди; нивното необично крзно е резултат на единствен рецесивен ген.

 Шепите на гепардот имаат полу-вовлечливи канџи, кои му нудат поголема контрола во неговите замави со голема брзина. Структурата на лигаменти во неговите канџи е иста како и на другите мачки; единствено му недостига обвивката од кожа и крзно која е присутна во други видови и затоа канџите му се секогаш видливи.

 Прилагодувања кои му помагаат на гепаргот да трча со голема брзина вклучуваат големи ноздри кои му овозможуваат зголемено примање кислород, и зголемено срце и бели дробови кои работат заедно на зголемувањето на циркулацијата на кислородот. За време на обичната потера, респираторната стапка се накачува од 60 до 150 вдишувања во минута. Додека трча, покрај тоа што има добра тракција како резилтат на неговите полу- вовлечливи канџи, гепардот ја користи неговата опашка како кормило – како на пример управувач при наглите завртувања, неопходни за да го надитри својот плен кој често прави такви завртувања за да избега.

 За разлика од вистинските големи мачки од подфамилијата Pantherinae, гепардот ја има способноста да преди додека вдишува, но не може да рика. Спротивно на тоа, големите мачки можат да рикаат, но не можат да предат, освен кога издишуваат. Некои сеуште го сметаат гепардот за најмала од големите мачки. Додека често е помешуван со леопардот, гепардот има карактеристични белези, како гореспоменатите црни линии од аглите на очите до устата, и точки кои не се “розети”. Гепардот исто така има послабо тело од леопардот.


Гепардот е чувствителна раса. Од сите големи мачки, тој има најмала способност на приспособување на нови средини. Отсекогаш било тешко да се одгледува во затворени простори, иако неодамна неколку зоолошки успеаја во ова. Една техника била да му се претстави куче како придружник и куче-чувар за да му се овозможи на гепардот да се чувствува помалку загрозено.
Еднаш ловен за неговото крзно, гепардот сега повеќе страда поради загубата на живеалиштето и пленот.
 

Порано, научниците сметале дека гепардот е особено примитивен помеѓу мачките и дека се развил пред приближно 18 милиони години. Меѓутоа, новите истражувања покажуваат дека последниот заеднички предок на сите 40 постоечки видови големи мачки живеел пред помалку од 11 милиони години. Истите истражувања укажуваат на тоа дека гепардот, додека е морфолошки високо изведен, не е од особено стара лоза, имајќи се раздвоено од своите најблиски живи роднини пред околу 5 милиони години.



Friday, September 23, 2016

Црн Пантер

Пантерите се род од фамилијата мачки, кој ги содржи познатите видови:
  • Тигар;
  • Лав;
  • Јагуар;
  • Леопард.
Во овој вид спаѓаат половина од видовите на подфамилијата мачки. Животните кои припаѓаат на овој вид со едно име ги нарекуваат ПАНТЕРИ. Зборот пантер е добиен од грчкиот збор pan („сите“) и theras („ловец“), бидејќи можат да ловат и убиваат скоро секакво животно.Постојат верувања дека родот пантери може да има и источноазиско потекло, и значи жолтеникаво животно.




Само овие четири видови мачки имаат анатомски предиспозиции за рикање. Првично се верувало дека способноста за рикање е од непотполното оскоскување на подјазичната коска. Сепак, новите истражувања покажуваат дека оваа способност се должи на морфолошки карактеристики на гркланот. Снежниот леопард (Uncia uncia), кој понекогаш се вклучува во родот пантери, не може да рика. Иако го поседува непотполното оскоскување на подјазичната коска, тој не ги поседува специфичните карактеристики на гркланот.

Monday, September 19, 2016

Кралот на животните- Лав

Лав  — една од четирите големи мачки од родот Panthera, и член на семејството Felidae. Некои машки примероци надминуваат 250 кг во тежина, со што лавот е втора најголема мачка која живее на земјата по тигарот. Дивите лавови живеат слободно во природата во Супсахарска Африка, и во Азија со критично загрозена популација во северозападна Индија, а во минатото лавови живееле во Северна Африка, Блискиот Исток, и Западна Азија. Се до доцниот Плеистоцен, кој траел до пред 10,000 години, лавот бил најраширен копнен цицач по човекот. Тие се најдени во поголем дел од Африка, голем дел од Евроазија од западна Европа до Индија, и во Америка од Јукон до Перу.





Лавот во природа живее од 10 до 14 години, додека во заробеништво може да живее над 20 години. Во дивина, машките лавови често пати живеат подолго од 10 години, иако борбите со ривалите предизвикуваат повреди. Лавот живее во саваната и тревници, иако може да се најде и во грмушки и во шума. Лавовите се необично друштвени животни во споредба со другите мачки. Група женски лавови обично ловат заедно. 


Царство:Animalia
Колено:Хордати
Класа:Цицачи

Saturday, September 17, 2016

Tигар

Тигар- Црвеникаво жолто- кафеава мачка, распространета  во шумите, пасиштата и мочуришните делови на источна Русија, јужна АзијаСуматра и некои помали делови во Кина.

Нивната големина, бојата и формата на пругите се определени со местото и во зависност од подвидоивте. 
Мажјаците растат до височина поголема од 1 метар, достигнувајќи должина од 2,2 метри, не сметајќи ја опашката со должина од 1 метар, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 килограми. Тигарот живее околу 11 години.

Распространетост


Во минатото, тигрите биле доста распространети во Азија од Кавказ и Каспиското Море, до Сибир и Индонезија. За време на 19 век, овие мачки целосно исчезнале од Западна Азија, и нивната распространетост била ограничена на изолирани области. Денес, овие фрагментирани области се протегаат од Индија на запад до Кина и Југоисточна Азија на исток. Северната граница на распространетост е близу реката Амур во југоисточен Сибир. Единствениот голем остров населен со тигри е Суматра. Овие животни изумреле на островите Јава и Бали за време на 20 век, а на Борнео се пронајдени само фосилни остатоци.


Живеалиште

Живеалиштето на тигарот има три главни карактеристики: секогаш има вегетација која му овозможува криење, секогаш е во близина на вода и има изобилство на плен. За разлика од лавот, тигарот претпочита густа вегетација, на која е прилагодена на неговата специфична шара, и каде самотниот начин на живот не е неповолност. Помеѓу сите видови на големи мачки, само тигарот и јагуарот се одлични пливачи. Тигрите често се среќаваат како се бањаат во бари, реки и езера.За разлика од останатите мачки, кои ја избегнуваат водата, тигрите всушност секогаш се одличуваат да живеат во нејзина близина. За време на најтоплиот период од денот, овие мачки се ладат лежејќи во барите. Доказ дека се одлични пливачи претставува и фактот дека често пати се забележани како го пренесуваат уловениот плен преку езера.

Подвидови

Постојат 8 подвидови на тигар од кои 2 се изумрени. Преживеаните подвидови, почнувајќи од најбројниот се:

  • Бенгалски тигар (познат како Кралски Бенгалски тигар);
  • Индокинески тигар (познат како Корбетов тигар);
  • Малајси тигар;
  • Суматрански тигар;
  • Сибирски тигар;
  • Јужнокинески тигар (еден од десетте најзагрозени животни во светот).
Изумрени видови се:

  • Балиски тигар;
  • Јавански тигар.

Карактеристики

Тигрите веројатно се најпрепознатливите мачки. Овие животни имаат црвеникаво – кафено крзно, со бели делови на внатрешната страна на нозете и на стомакот, малку бели линии на лицето и бројни пруги по телото кои имаат темно кафена или црна боја. Формата и густината на пругите зависи одподвидот но најчесто тигрите имаат преку 100 пруги. Во зависност од подвидот има и варијација на базичната боја на крзното, на пример сибирскиот тигар има побледа боја на крзното од останатите тигри. Главната функција на пругите е камуфлажа на тигарот. Оваа шара им овозможува одлично криење меѓу прошараните сенки и високите треви при ловење на пленот. Шарата на пругите ја има и на кожата на тигарот, и е видлива и доколку го избричите крзното. Како и останатите големи мачки, и тигрите имаат бела точка зад ушите.


Тигрите се најтешките мачки во дивината. Овие животни имаат моќни нозе и раменици што им овоможува, слично како лавовите, да ловат плен што е многу потежок од нив. Подвидовите на тигарот многу се разликуваат во големината. Големината кај подвидовите се зголемува сразмерно на географската ширина, што е во согласност со познатото Бергманово правило. Возрасен сибирски тигар може да достигне должина од 3,5 метри и тежина од 306 килограми, што е многу повеќе од големината која ја достигнуваат островските тигри како суматранскиот, најмалиот од преживеаните подвидови кој достигнува тежина од само 75-140 килограми. Тигриците се помали од мажјаците кај сите подвидови, но сепак разликата во големината е поизразена кај поголемите подвидови каде мажјаците тежат 1,7 пати повеќе од женките. Мажјаците имаат и пошироки предни шепи. Оваа разлика често се користи од страна на биолозите во одредување на полот на тигрите при набљудување на нивните трагиЧерепот на тигарот е доста сличен со тој на лавот, иако челниот дел не е толку сплескан и има подолг посторбитален регион. Черепот на лавот има пошироки назални отвори. Сепак, поради многуте варијации на черепите кај двата вида, како најзначаен индикатор за одредување на видот се зема структурата на долната 
вилица.

Однесување


Тигрите се територијални животни кои најчесто живеат сами. Големината на територијата за живеење на индивидуата зависи од изобилството на плен, а за мажјаците и од пристапноста до женки. Териториите на женките се со големина од 20 квадратни километри, додека териториите на мажјаците се многу поголеми, достигнувајќи 60-100 километри квардратни. Најчесто териториите на мажјаците се препокриваат со териториите на неколку женки.
Односите помеѓу индивидуите се прилично комплексни и изгледа како да нема правило кое го почитуваат во однос на територијалните права. На пример, иако тигрите најчесто се избегнуваат, забележани се случаи каде и мажјаци и женки го делат пленот меѓусебно. Документирано е како мажјак тигар го дели пленот со уште две женки и четири младенчиња. Ова однесување на делење на пленот со други индивидуи е доста ралично од однесувањетоа на лавот, кој во слични ситуации најчесто се однесува агресивно.
Териториите на младите тигрици најчесто се во близина на територијата на нивната мајка. Делот на препокривање на овие две територии има тенденција да се намалува со текот на времето. Мажјаците пак, се оддалечуваат многу повеќе. Младите мажјаци својата територија ја создаваат со одземање на територијата на други мажјаци или пак, кратко живеат на територија на друг мажјак додека да станат доволно силни за да го предизвикаат повозрасниот тигар. Најголемата смртност кај возрасните тигри (30-35% годишно), се однесува всушност на млади мажјаци кои штотуку ја напуштиле мајчината територија и се трудат да основаат нивна сопствена.
Мажјаците генерално се понетолерантни кон останатите мажјаци на нивната територија, отколку женките кон останатите женки. Во најголем дел, борбите за територија се решаваат со заканување, а не со агресивни борби. Набљудувани се подчинети тигри кој го признаваат поразот со легнување во покорна положба – легнувајќи на грб и покажувајќи го стомакот. Откако хиерархијата е воспоставена, доминантниот мажјак го толерира присуството на подредениот тигар на негова територија доколку не живее во непосредна близина. Најагресивните борби меѓу мажјаците се за време на плодниот паериод на женките. Овие борби понекогаш завршуваат и со смрт на едниот тигар. Сепак, ваквите завршници се многу ретки.

Лов и исхрана

Во дивината тигрите се хранат со поголеми и помали животни.Ворасните слонови се премногу големи да служат како плен на овие големи мачки, но сепак понекогаш се забележуваат конфликти помеѓу овие две животни. Регистриран е и случај кога тигар убил возрасен индиски носорог. Млади слонови и млади носорози повремено се ловени од страна на тигрите. Понекогаш овие животни напаѓаат и домашни животни како кучиња, крави, коњи и магариња.

Старите тигри, или тигри кои имаат повреди, и кои не можат да ловат природен плен често стануваат човекојади. Ова често се случува на територијата на Индија. Исклучок е тигарот од Сундарбанс, кој бил комплетно здрав тигар кој ловел рибари и селани кои се движеле низ шумите. Ова го прави човекот вистински плен во исхраната на тигрите. Повремено тигрите јадат и растенија поради хранливите влакна


Тигрите најчесто ловат ноќе. Ловат сами и како и повеќето други мачки го следат пленот во заседа. Изненадно напаѓаат и употребувајќи ја нивната сила и големина го исфрлаат од рамнотежа големиот плен и го убиваат. И покрај нивната големина, тигрите трчаат со брзина од 49-65 километри на час. Сепак овие брзини можат да ги одржат само на кратки растојанија, поради што тигрите мораат да се доближат многу близу до пленот пред да го нападнат. Овие животни имаат одлични скокачи способности, забележани се хоризонтални скокови и до 10 метри, иако најчесто скоковите се околу половина од оваа висина. И покрај сите карактеристики, само еден од дваесет обиди завршува како успешен лов.
При лов на голем плен, тигрите го убиваат животното со загризување на грлото. Тигарот го држи гризнато животното сè додека не умре од давење. Со оваа техника, тигрите успеваат да уловат животни како гаурот или водното бафало кои тежат преку еден тон. При лов на помал плен, тигарот го загризува вратот и најчесто го крши ‘рбетниот столб, ја продупчува трахеата или ја кине вратната жила или каротидната артерија. Иако ретко, сепак набљудувани се и тигри кои напаѓаат со удари со нивните шепи, Ударот е доволно силен за да го скрши черепот на домашното говедо, или да го скрши грбот на тромавите мечки. 


Царство:Animalia
Колено:’Рбетници
Класа:Цицачи

Снежен леопард

Снежниот леопард е средно голема мачка која потекнува од централна Азија. Овој вид е загрозен и поради тоа е заштитен со закон.





Карактеристики

Снежниот леопард е помал од останатите големи мачки. Во просег тежи помеѓу 27 и 54 килограми. Должината на телото е од 74 до 130 сантиметри, со опашка која има скоро иста должина. Обично мажјаците се поголеми од женките.
Снежниот леопард има кратко густо крзно со боја која варира од ссветло сива до жолта и снежно бела на стомакот и градите. Има темно сиви или црни белези на телото и главата и поголеми дамки на нозете и опашот.

Распространетост

Распространет е во централна и јужна Азија. Живее во суровите планински региони на околу  1 230 000 квадратни километри која се протега на 12 земји: Авганистан, Бутан, Кина, Казахстан, Киргистан, Монголија, Непал, Русија, Пакистан, Таџихистан и Узбехистан.

За време на летниот период живеат на надморска височина од 2700 до 6000 метри. За време на зимата снежните леопарди се симнуваат до 1000 метри н.в. Благодарение на нивните моќни бели дробови, на овие животни не им смета разретчената концентрација на кислород која ја среќаваме на овие височини.

Однесување

Снежниот леопард е самотно животно, иако се случува женките да се грижат за младенчињата за време на подолг период.

Снежните леопарди се најактивни за време на самрак или зора , што ги прави крепусколарни животни.

Исхрана

Снежниот леопард е карнивор кој активно го лови својот плен. Сепак како и останатите мачки, и овие животни се опортунисти, па се хранат со се што ќе најдат вклучувајќи и мрша и домашна стока. Способни се за убивање животни кои се три пати поголеми од нив, но најчесто се хранат со многу помал плен како зајци и птици.

Царство:Животни
Колено:Хордати
Класа:Цицачи