Saturday, September 17, 2016

Tигар

Тигар- Црвеникаво жолто- кафеава мачка, распространета  во шумите, пасиштата и мочуришните делови на источна Русија, јужна АзијаСуматра и некои помали делови во Кина.

Нивната големина, бојата и формата на пругите се определени со местото и во зависност од подвидоивте. 
Мажјаците растат до височина поголема од 1 метар, достигнувајќи должина од 2,2 метри, не сметајќи ја опашката со должина од 1 метар, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 килограми. Тигарот живее околу 11 години.

Распространетост


Во минатото, тигрите биле доста распространети во Азија од Кавказ и Каспиското Море, до Сибир и Индонезија. За време на 19 век, овие мачки целосно исчезнале од Западна Азија, и нивната распространетост била ограничена на изолирани области. Денес, овие фрагментирани области се протегаат од Индија на запад до Кина и Југоисточна Азија на исток. Северната граница на распространетост е близу реката Амур во југоисточен Сибир. Единствениот голем остров населен со тигри е Суматра. Овие животни изумреле на островите Јава и Бали за време на 20 век, а на Борнео се пронајдени само фосилни остатоци.


Живеалиште

Живеалиштето на тигарот има три главни карактеристики: секогаш има вегетација која му овозможува криење, секогаш е во близина на вода и има изобилство на плен. За разлика од лавот, тигарот претпочита густа вегетација, на која е прилагодена на неговата специфична шара, и каде самотниот начин на живот не е неповолност. Помеѓу сите видови на големи мачки, само тигарот и јагуарот се одлични пливачи. Тигрите често се среќаваат како се бањаат во бари, реки и езера.За разлика од останатите мачки, кои ја избегнуваат водата, тигрите всушност секогаш се одличуваат да живеат во нејзина близина. За време на најтоплиот период од денот, овие мачки се ладат лежејќи во барите. Доказ дека се одлични пливачи претставува и фактот дека често пати се забележани како го пренесуваат уловениот плен преку езера.

Подвидови

Постојат 8 подвидови на тигар од кои 2 се изумрени. Преживеаните подвидови, почнувајќи од најбројниот се:

  • Бенгалски тигар (познат како Кралски Бенгалски тигар);
  • Индокинески тигар (познат како Корбетов тигар);
  • Малајси тигар;
  • Суматрански тигар;
  • Сибирски тигар;
  • Јужнокинески тигар (еден од десетте најзагрозени животни во светот).
Изумрени видови се:

  • Балиски тигар;
  • Јавански тигар.

Карактеристики

Тигрите веројатно се најпрепознатливите мачки. Овие животни имаат црвеникаво – кафено крзно, со бели делови на внатрешната страна на нозете и на стомакот, малку бели линии на лицето и бројни пруги по телото кои имаат темно кафена или црна боја. Формата и густината на пругите зависи одподвидот но најчесто тигрите имаат преку 100 пруги. Во зависност од подвидот има и варијација на базичната боја на крзното, на пример сибирскиот тигар има побледа боја на крзното од останатите тигри. Главната функција на пругите е камуфлажа на тигарот. Оваа шара им овозможува одлично криење меѓу прошараните сенки и високите треви при ловење на пленот. Шарата на пругите ја има и на кожата на тигарот, и е видлива и доколку го избричите крзното. Како и останатите големи мачки, и тигрите имаат бела точка зад ушите.


Тигрите се најтешките мачки во дивината. Овие животни имаат моќни нозе и раменици што им овоможува, слично како лавовите, да ловат плен што е многу потежок од нив. Подвидовите на тигарот многу се разликуваат во големината. Големината кај подвидовите се зголемува сразмерно на географската ширина, што е во согласност со познатото Бергманово правило. Возрасен сибирски тигар може да достигне должина од 3,5 метри и тежина од 306 килограми, што е многу повеќе од големината која ја достигнуваат островските тигри како суматранскиот, најмалиот од преживеаните подвидови кој достигнува тежина од само 75-140 килограми. Тигриците се помали од мажјаците кај сите подвидови, но сепак разликата во големината е поизразена кај поголемите подвидови каде мажјаците тежат 1,7 пати повеќе од женките. Мажјаците имаат и пошироки предни шепи. Оваа разлика често се користи од страна на биолозите во одредување на полот на тигрите при набљудување на нивните трагиЧерепот на тигарот е доста сличен со тој на лавот, иако челниот дел не е толку сплескан и има подолг посторбитален регион. Черепот на лавот има пошироки назални отвори. Сепак, поради многуте варијации на черепите кај двата вида, како најзначаен индикатор за одредување на видот се зема структурата на долната 
вилица.

Однесување


Тигрите се територијални животни кои најчесто живеат сами. Големината на територијата за живеење на индивидуата зависи од изобилството на плен, а за мажјаците и од пристапноста до женки. Териториите на женките се со големина од 20 квадратни километри, додека териториите на мажјаците се многу поголеми, достигнувајќи 60-100 километри квардратни. Најчесто териториите на мажјаците се препокриваат со териториите на неколку женки.
Односите помеѓу индивидуите се прилично комплексни и изгледа како да нема правило кое го почитуваат во однос на територијалните права. На пример, иако тигрите најчесто се избегнуваат, забележани се случаи каде и мажјаци и женки го делат пленот меѓусебно. Документирано е како мажјак тигар го дели пленот со уште две женки и четири младенчиња. Ова однесување на делење на пленот со други индивидуи е доста ралично од однесувањетоа на лавот, кој во слични ситуации најчесто се однесува агресивно.
Териториите на младите тигрици најчесто се во близина на територијата на нивната мајка. Делот на препокривање на овие две територии има тенденција да се намалува со текот на времето. Мажјаците пак, се оддалечуваат многу повеќе. Младите мажјаци својата територија ја создаваат со одземање на територијата на други мажјаци или пак, кратко живеат на територија на друг мажјак додека да станат доволно силни за да го предизвикаат повозрасниот тигар. Најголемата смртност кај возрасните тигри (30-35% годишно), се однесува всушност на млади мажјаци кои штотуку ја напуштиле мајчината територија и се трудат да основаат нивна сопствена.
Мажјаците генерално се понетолерантни кон останатите мажјаци на нивната територија, отколку женките кон останатите женки. Во најголем дел, борбите за територија се решаваат со заканување, а не со агресивни борби. Набљудувани се подчинети тигри кој го признаваат поразот со легнување во покорна положба – легнувајќи на грб и покажувајќи го стомакот. Откако хиерархијата е воспоставена, доминантниот мажјак го толерира присуството на подредениот тигар на негова територија доколку не живее во непосредна близина. Најагресивните борби меѓу мажјаците се за време на плодниот паериод на женките. Овие борби понекогаш завршуваат и со смрт на едниот тигар. Сепак, ваквите завршници се многу ретки.

Лов и исхрана

Во дивината тигрите се хранат со поголеми и помали животни.Ворасните слонови се премногу големи да служат како плен на овие големи мачки, но сепак понекогаш се забележуваат конфликти помеѓу овие две животни. Регистриран е и случај кога тигар убил возрасен индиски носорог. Млади слонови и млади носорози повремено се ловени од страна на тигрите. Понекогаш овие животни напаѓаат и домашни животни како кучиња, крави, коњи и магариња.

Старите тигри, или тигри кои имаат повреди, и кои не можат да ловат природен плен често стануваат човекојади. Ова често се случува на територијата на Индија. Исклучок е тигарот од Сундарбанс, кој бил комплетно здрав тигар кој ловел рибари и селани кои се движеле низ шумите. Ова го прави човекот вистински плен во исхраната на тигрите. Повремено тигрите јадат и растенија поради хранливите влакна


Тигрите најчесто ловат ноќе. Ловат сами и како и повеќето други мачки го следат пленот во заседа. Изненадно напаѓаат и употребувајќи ја нивната сила и големина го исфрлаат од рамнотежа големиот плен и го убиваат. И покрај нивната големина, тигрите трчаат со брзина од 49-65 километри на час. Сепак овие брзини можат да ги одржат само на кратки растојанија, поради што тигрите мораат да се доближат многу близу до пленот пред да го нападнат. Овие животни имаат одлични скокачи способности, забележани се хоризонтални скокови и до 10 метри, иако најчесто скоковите се околу половина од оваа висина. И покрај сите карактеристики, само еден од дваесет обиди завршува како успешен лов.
При лов на голем плен, тигрите го убиваат животното со загризување на грлото. Тигарот го држи гризнато животното сè додека не умре од давење. Со оваа техника, тигрите успеваат да уловат животни како гаурот или водното бафало кои тежат преку еден тон. При лов на помал плен, тигарот го загризува вратот и најчесто го крши ‘рбетниот столб, ја продупчува трахеата или ја кине вратната жила или каротидната артерија. Иако ретко, сепак набљудувани се и тигри кои напаѓаат со удари со нивните шепи, Ударот е доволно силен за да го скрши черепот на домашното говедо, или да го скрши грбот на тромавите мечки. 


Царство:Animalia
Колено:’Рбетници
Класа:Цицачи

No comments:

Post a Comment