Снежниот леопард е средно голема мачка која потекнува од централна Азија. Овој вид е загрозен и поради тоа е заштитен со закон.Карактеристики
Снежниот леопард е помал од останатите големи мачки. Во просег тежи помеѓу 27 и 54 килограми. Должината на телото е од 74 до 130 сантиметри, со опашка која има скоро иста должина. Обично мажјаците се поголеми од женките.
Снежниот леопард има кратко густо крзно со боја која варира од ссветло сива до жолта и снежно бела на стомакот и градите. Има темно сиви или црни белези на телото и главата и поголеми дамки на нозете и опашот.
Распространетост
Распространет е во централна и јужна Азија. Живее во суровите планински региони на околу 1 230 000 квадратни километри која се протега на 12 земји: Авганистан, Бутан, Кина, Казахстан, Киргистан, Монголија, Непал, Русија, Пакистан, Таџихистан и Узбехистан.
За време на летниот период живеат на надморска височина од 2700 до 6000 метри. За време на зимата снежните леопарди се симнуваат до 1000 метри н.в. Благодарение на нивните моќни бели дробови, на овие животни не им смета разретчената концентрација на кислород која ја среќаваме на овие височини.
Однесување
Снежниот леопард е самотно животно, иако се случува женките да се грижат за младенчињата за време на подолг период.
Снежните леопарди се најактивни за време на самрак или зора , што ги прави крепусколарни животни.
Исхрана
Снежниот леопард е карнивор кој активно го лови својот плен. Сепак како и останатите мачки, и овие животни се опортунисти, па се хранат со се што ќе најдат вклучувајќи и мрша и домашна стока. Способни се за убивање животни кои се три пати поголеми од нив, но најчесто се хранат со многу помал плен како зајци и птици.


No comments:
Post a Comment